Вакцините не значат крај на пандемијата, вели експерт на СЗО
Вакцините се најважниот дел во борбата против КОВИД-19, но тоа не е крај на пандемијата, изјави денеска експертот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација, Мајк Рајан.
– Гледаме дека пристигнуваат и податоци дека заштитата (што ја обезбедува вакцината) можеби нема да биде долготрајна и оти се можни појави на повторно заразување, рече Рајан.
– Вакцините не се еднакви на нула ковид, рече Рајан.