Вакцините на „Фајзер“ стигаат во понеделник
Според него, вакцини се уште има и досега се имунизирале околу 35.000 граѓани.
Во вторник Филипче ќе оди во Белград каде ќе разговара за соработката, за размена на експертиза, како и за стратешки план за набавка на вакцини од Институтот Торлак.
– Во овој момент не ни се потребни, но не можеме да претпоставиме како ќе се одвива пандемијата. Ќе разговараме за тоа Институтот Торлак да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините со оглед на тоа како ќе се одвива пандемијата – објасни тој.
До понеделник останува да се потрошат уште десетина илјади вакцини од „АстраЗенека“, 3.000 од „Спутник V“ и 1.000 кинески.Според министерот, состојбата во болниците е стабилна, нема голем и неконтролиран наплив на пациенти во целата земја и има доволен број слободни болнички кревети. Тој извести притоа дека и денес починала млада девојка, чии родители дале согласност да и се донираат органите.
„ За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.