Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе и стави крај на пандемијата

Научникот и милијардер кој стои зад вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за новата болест, Угур Сахин, тврди дека нивната вакцина ќе ја „разбие“ болеста и ќе стави крај на пандемијата.

Извршниот директор на германската компанија „Бионтек“, Сахин, изјави дека ако се постави прашање дали може да се запре пандемијата со оваа вакцина, неговиот одговор е: „Да“.

Сепак, како што вели тој се уште има неодговорени прашања, вклучително и дали вакцината е ефикасна кај постари лица, имајќи предвид дека претежно волонтерите за време на пробите беа млади и здрави луѓе.Според зборовите на Сахин, комплетни податоци се очекуваат во следните три недели.