Вакцинацијата стагнира – секој ден сѐ помалку аплицирани дози


Фото: Б. Грданоски

Здравствените власти уверуваат дека има доволно вакцини против Ковид-19, но бројот на аплицирани дози секојдневно се намалува. 

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 како прва доза, 1.730 ревакцинирани и 44 граѓани пДен претходно пак, беа аплицирани 4.953 дози вакцини, прва доза вакцина примиле 1.282 граѓани, а трета доза 67 граѓани.

– Заклучно со 29 септември, вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани, велат од МЗ.

Ревакцинирани се 52 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 процентни од населението во државата примиле две дози вакцина, известуваат од Министерството за здравство.