В сабота и в недела времен режим на булевар „Метрополит Теодосиј Гологанов“


Фото: Б. Грданоски

 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре  и во недела, поради изведување на градежни работи, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и тоа во сабота со почеток од 8 часот до завршување на градежните работи и во недела во периодот од 7 до 19 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација која се нанесува по завршување на градежните активности за реконструкција на  булеварот  во периодот од 07 – 19 часот.

Апелираме  до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.