В недела од 8:30 до 12:30 часот ќе биде затворен дел од бул. „Илинден“


Поради потребите за реализација на третата триатлонска трка во Скопје, Stopanska Triogy Triathlon, СТК „Триоги Рејсинг“ извести дека на 14 мај, од 8:30 до 12:30 часот ќе биде затворена десната коловозна лента од бул. „Илинден“, и тоа од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со ул. „Никола Парапунов“.
Од тие причини сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од „Триоги Рејсинг“.