Уживале со жива музика во кафеани, иако ги кршат здравствените протоколи

Два угостителски објекти во Валандово и во Куманово ги кршеле здравствените протоколи, при што имале гости во објектите, а во Валандово и жива музика.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од валандовското село Балинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 1 август 2020 во 22 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на А.Б., при што било констатирано дека на повеќе маси биле присутни повеќе лица, а бил организиран и музички настан со музика во живо, со што било постапено спротивно на протоколот за отворање и работа на угостителски објекти.
На 12 јуни 2021 во 1 часот, при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека казино на ул.„Доне Божинов“ работи по дозволеното работно време.
Во објектот биле затекнати шест лица гости и тројца вработени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.