Утрово најстудено во Берово -5 степени


Пролет во зима во Дојран/ Фото: Б. Грданоски

 Утрово најниска темепратура од -5 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат со -4 Скопје кај Петровец и Битола, -2 во Тетово, Прилеп, Струмица, Крива Паланка, Демир Капијаи  Лазарополе, -1 во Штип и Куманово.

Во Скопје кај Зајчев Рид, Охрид, Претор, Дебар, Попова Шапка се измерени нула степени, 1 во Маврови Анови, 2 во Гевгелија, Крушево и Виница и 8 степени во Дојран.

На Попова Шапка висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 25 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер и температура до 19 степени.