Утринските температури над нулата


Фото: Б. Грданоски

На територијата на целата држава утрово се измерени температури над нулата, соопшти УХМР.

Најстудено било во Берово, Крива Паланка, Дебар, Крушево, Маврово, Лазарополе со темепратура од 1 степен, 2 во Скопје-Зајчев Рид, 3 Скопје-Петровец, Тетово, 4 Куманово и Прилеп, 5 во Струмица и 6 степени Целзиусови во Битола, Штип, Охрид, Демир Капија, Гевгелија, Дојран и во Претор.

Изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнат е воден талог од три л/м2 во Пожаране, еден во Тетово, а под еден литар врнежи имаше и во Охрид, Битола и во Прилеп. 

Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.