Утринска магла, променливо облачно и слаб ветер


Фото: Б. Грданоски

Наутро наместа со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 13 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време, наутро наместа со појава на магла. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд, соопшти УХМР.