Утре ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира Скопје, но и 15 други градови


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ утре, во 15 часот го блокира Скопје од Влада до Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18 часот.

Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.

Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!, порачуваат од опозициската партија.