Утре спремете се за многу дожд, а ќе се формира и снежна покривка на планините


Фото: Б. Грданоски

Значеителна снежна покривка и обилен дожд, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи за утре.

Објавија и метео аларм, во кој се вели дека утре (02.10.2025), ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².

На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.

Во следните денови, под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постуденавоздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
 
На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.
 
Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.