Утре специјален сообраќаен режим во Скопје поради Илинден и шпанскиот премиер


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре (недела), поради реализација на предвидените манифестации  по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, ќе има  посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот.

Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 7.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

МВР соопшти исто така декаистиот ден  поради официјална посета на нашата држава на претседателот на владата на Шпанија,  Педро Санчез Перез-Кастехон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Од тие причини, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.