Утре повремен дожд, од недела обилни врнежи

Фото: Б. Грданоски

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во недела засилен ветер од југоисточен правец. Во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни, над 35 литри на метра квадратен).Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд.