Утре на Школка младите ќе имаат можност да ги запознаат воздухопловните професии
Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, по четврти пат ќе го организира настанот „SKOPJE AIR FAIR“, информираат оттаму.
„Овој едукативен саем кој им ги претставува воздухопловните професии на младите традиционално ќе се одржи на локацијата Школка во Градскиот Парк во Скопје, оваа сабота, 26 октомври, со почеток од 11 часот. На саемот ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите“, се наведува во соопштението од АВИКОН.