Утре и задутре, скрининг за граѓаните од Трубарево на Клиниката за пулмоголија

Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника за пулмологија на 24 и 25 септември организира скрининг за граѓаните коишто живеат во Трубарево и во околните места.
– Замолувам сите граѓани коишто ценат дека треба да посетат доктор, на 24 и 25 септември, да се пријават на овој скрининг. Дополнително, ако има потреба, истите граѓани ќе можат да продолжат со екземинација на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – рече министерот за здравство Азир Алиу.
– Започнавме една убава акција, „Здравјето на граѓаните пред сѐ“. Направивме два тима кошто ќе ги посетат сите граѓани во местото Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тие испитувања, ако може да се постави дијагноза или да се докаже дека нема никакво оштетување на нивните бели дробови, останува да се ревидира терапијата што ја имаат и ако има потреба тогаш ги упатуваме во нашата Клиника за пулмологија и алергологија, да може да ги продлабочиме испитувањата и по потреба да се даде соодветна терапија – вели директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Оливер Зафировски.
Пожарот во фабриката „Нула отпад“ за рециклирање електричен и електронски отпад во скопско Трубарево се случи на 13 септември.
Високо ниво на PM 10 честички, како и загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира Министерството за животна средина и просторно планирање, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево.