Утре „Денови на кочанскиот ориз“ во скратена форма


Традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот. Ова издание на манифестацијата, според организираторот Општина Кочани, ќе биде симболично, а поради трагедијата од 16 март во Кочани, годинава не се поканети гости, делегации и учесници уметници.   

Скратената програма и содржини предвидува на нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари да го прикажат обичајот зажнејување на традиционален начин. 

Во рамките на овој настан, ќе му биде доделена награда на најуспешниот оризопроизводител.

Исто така, професори од Земјоделскиот факултет при УГД ќе го претстават проектот  „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.