Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како и корисниците од новата населба во село Ржаничино и околните фирми, а во периодот од 12:35 до 15:30 часот, корисниците од село Ржаничино лоцирани од страната на новата населба.

Во период од 08:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците лоцирани околу и над црквата Свети Спас во Сопиште, во периодот од 09 до 13 часот, корисниците од населба Теферич лоцирани на потегот од стариот каменолом до раскрсница со улица „Христо Татарчев“ број 24

Во периодот од 09 до 14 часот, пак, без електрично напојување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Жванска“ и „Наум Охридски“, корисниците од улица „Боро Камчески“ броеви 2, 4, 6 и 8, како и корисниците од улиците „Томе Арсовски“ броеви 24, 26, 28, 30 и 32 во Кисела Вода .

Без струја ќе бидат и корисниците од улица „2“ во село Сарај и тоа во период од 09:30 до 14:30 часот, додека во период од 10 до 12 часот, корисниците од улица „Киро Крстевски Платник“ број 4 во Центар.