Утре без струја делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Шуто Оризари


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

РЦУК – Скопје соопшти дека поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Од 8 до 15 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром, од 8.30 до 12 часот, дел од корисниците од село Злокуќани, од 8.30 до 14 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 во Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот корисниците од улиците „Архитект Никола Добровиќ“ и „Пушкинова“ во Аеродром), од 9 до 13 часот корисниците од улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар, како и од 12 до 13 часот, Пумпна станица Шуто Оризари.