Утре без струја дел од викендиците во Говрлево и околината во Општина Сопиште
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН.
Како што се наведува во соопштението, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од викендици во Говрлево, место викано Зунски Ораси и околината.