Успешно трансплантирани 16 рожници на Клиниката за очни болести
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка.
-Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно е што кај 6 пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот Алиу.