Уште едно убиство во Скопско – сопругот ја застрелал 37-годишната сопруга
Тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата е најдено во скопското село Копаница. Покрај телото е пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг.
Од обвинителството соопштуваат дека сопругот е уапсен и отворена е истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, по член 396 од Кривичниот законик. Тој е во притвор.
„По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштија од Обвинителството.