Уште една пејачка го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Оваа одлука не беше лесна

Српската пејачка Вики Миљковиќ одлучи да го напушти жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранда“ по 10 години.
„Драги пријатели, почитувана публико и сите вие што верно ја следите „Ѕвездите на Гранд“ со години, по 10 незаборавни сезони, време е да се збогуваме со улогата на член на жирито во овој голем музички проект. Оваа одлука не беше лесна, бидејќи со „Ѕвездите на Гранд“ сум поврзана не само со години работа, туку и со силни емоции, пријателства, спомени и илјадници таленти што поминале низ нашата сцена“, започна таа.
Додаде дека имала привилегија да биде дел од шоу кое го променило текот на домашната музичка сцена, да учествува во создавањето кариери на млади пејачи и да биде навистина горда на сè што создале заедно.
„Благодарна сум на целиот тим на Гранд, на моите колеги во жирито, на продукцијата и на сите зад камерата, кои со години ме правеа да се чувствувам како дома. Посебна благодарност му упатувам на мојот голем пријател Саша Поповиќ, кој ме покани на ова незаборавно десетгодишно патување и за кого ќе тагувам засекогаш“, објави таа.
Ве потсетуваме дека Драган Стојковиќ Босанац и Марија Шерифовиќ неодамна го напуштија жирито на „Ѕвездите на Гранд“.