Уште 319 заразени со Ковид-19, починаа двајца


Фото: В. Грданоски

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2, Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.250 тестови преку: ИЈЗ-205, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-51, Биотек-79, Систина-58, лабораторија Лаор-79, Синлаб-6, Ремедика-9, Плодност-7, Генеа-11, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-25, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 973.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.038 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.