Unique Vintage ја облече Барби: Најпознатата русокоса ги слави 50-тите и 60-тите


САД– Мател, производителот на најпознатата кукла на светот Барби, се здружи со компанијата Unique Vintage, за нова, новогодишна колекција која ги слави 50-тите и 60-тите години. Во пресрет на 60-от јубилеј, модните парчиња од колекцијата ќе бидат пуштени на продажба онлајн и низ 500 продавници ширум светот.

Со најпродаваната русокоса на светот која одамна ги следи модните трендови растеа милион генерации девојчиња.

Барби досега ја облекоа и Карл Лагерфелд, Москино, Томи Хилфигер, Оскар де ла Рента, Родарте…