Унгарскиот тим победата над Шкотска ја посвети на повредениот Варга


Унгарија синоќа ја победи Шкотска (1:0) во натпреварот од групниот турнир на Евро 2024 година. Унгарските фудбалери победата му ја посветија на напаѓачот Барнабас Варга, кој по сударот со шкотскиот голман изгуби свест и беше испратен во болница. 

По последниот судиски свиреж Унгарците на теренот влегоа со дресот на Варга.

Унгарија со три бода заврши на 3. место во групата А. Избраниците на Марко Роси ги задржаа шансите за учество во плејофот на Европското првенство. 

Шкотска го зазеде четвртото место со еден бод и го заврши учеството на ЕП 2024. 

Селекторот на унгарската репрезентација Марко Роси проговори за состојбата на напаѓачот Барнабас Варга по натпреварот од групата Евро 2024 против Шкотска (1:0).

– Неговата состојба е стабилна. Тој е под опсервација во болница. Знаеме дека има скршеница. Не знаеме дали ќе мора да биде опериран, но сигурно е дека повеќе нема да може да се натпреварува на ЕП. Но, најважно е дека се е во ред со него, изјави Роси по синоќешниот натпревар.