Унгарски и германски туристи загинаа во падот на авионот во Кенија


Помал авион што превезувал странски туристи од Унгарија и Германија се урна денес во Кенија, при што загинаа сите 11 лица во авионот.

„Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека авионот превезувал 10 патници: осум Унгарци и двајца Германци. Пилотот бил Кениец. „За жал, нема преживеани“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Телата на членовите на екипажот се изгорени до непрепознатливост

Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека несреќата се случила во регионот Квале, во близина на брегот на Индискиот Океан, околу 6:30 часот наутро.

Командантот на регионалната полиција во соопштението објавено од јавниот радиодифузен сервис Кенија Бродадикшн Корпорејшн изјави дека сите патници биле туристи. „Ситизен ТВ“ соопшти дека телата на членовите на екипажот се изгорени до непрепознатливост.

Агенцијата за цивилно воздухопловство објави дека авионот летал од крајбрежниот град Диани до Кичве Тембо во резерватот за дивеч Масаи Мара во Кенија.

Во Кенија се урна мал авион, се стравува дека загинале 12 лица (видео)