Уличен дефект ја остави Општина Аеродром без вода
На ден 19.11.2021 поради уличен дефект ф 100 мм на Бул.„Видое Смилевски Бато“ (кај „Жито Маркет“) во Општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.31 до бр.93 (висока зона) од 16:10 часот до санирање на дефектот.
Исто така поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Козле“ бр.108, денеска од 9:20 часот без вода беа и корисниците на улица од број 90 до број 140 и амбулантата Козле.