Украина подготвува план за целосна евакуација на Киев ако целосно снема струја


Уништена зграда во центарот на Киев по нападот на ирански дрон (Фото: Анадолија)

Киевските власти почнаа да планираат евакуација на три милиони жители на градот доколку главниот град на Украина претрпи целосно затемнување, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Ако нема струја, нема да има вода и канализација. Затоа владата и градската администрација ги преземаат сите можни мерки за да го заштитат нашиот систем за снабдување со електрична енергија“, рече Роман Ткачук, директор за безбедност на општинската влада во Киев.

„Киев се соочува со можни прекини на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските удари“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко за украинската државна телевизија. Жителите на главниот град треба да подготват залихи  и да размислат за привремено иселување, изјави синоќа Кличко.

Тој го опиша тоа како најлошото можно сценарио.

„ Правиме сè што можеме за да се осигураме да не дојдат до ова. Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават сè што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода – накратко, сите да умреме“, потенцираше Кличко.Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да падне топлинската мрежа.

Во меѓувреме , украинските медиуми јавија дека командантот на Централниот воен округ на Русија, генерал полковник Александар Лапин е сменет со генерал-мајор Александар Линков.Ова следи по серијата отпуштања на високи руски воени команданти од почетокот на инвазијата.Разрешувањата претставуваат модел на обвинување против високи руски воени команданти за неуспехот да се постигнат целите на бојното поле.

Во текот на ноќта, руските ракетни напади врз Запорожје уништија двокатна трговска зграда, убивајќи најмалку еден цивил.Можно е да има повеќе жртви бидејќи спасувачите се уште работат на лице место. Друг проектил падна во близина на станбена зона во градот, оштетувајќи ги прозорците на блиските куќи и два автомобили. Украина одби руски напади во областите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје во последните 24 часа. Русија лансираше четири проектили и 19 воздушни напади низ Украина и изврши над 75 напади со MLRS , Генералштабот на вооружените сили на Украина.