Украина бара исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН

Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, најави денес дека Киев ќе побара официјално Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, каде што била запишана во 1992 година, по распадот на СССР.
-Во 21 век, постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши геноцид врз соседна земја. Русија е во изолација. Постои цивилизираниот свет и постои Русија, земјата агресор, која врши геноцид врз соседниот народ. Русија од држава која се стремеше кон светско лидерство, се претвори во држава отпадник.
На Русија итно и го одземаат правото да биде домаќин на сите спортски настани, дури и оние кои се планирани за наредните месеци. Дури и на такви настани од големи размери како финалето на Лигата на шампионите во мај и Светското првенство во шах во лето. Европските клубови одбиваат да го рекламираат „Гаспром“ и другите руски гиганти. Додека руските олигарси, кои поседуваат светски познати клубови како Челзи, се приморани да се откажат од својата сопственост.
А следи уште една битка од не помали размери. Тоа е битката за ООН. Украина иницира исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ООН, каде што Москва беше запишана во 1992 година, со кршење на правилата и статутот на организацијата. ООН се најде на работ на колапс бидејќи тоа што постојана членка на Советот за безбедност врши отворена, абсолутно непредизвикана и однапред подготвена агресија врз соседна држава, ја уништува суштината на организацијата, порача амбасадорката.
Според неа, четврти ден по ред Украина продолжува херојски да ја брани својата земја и да се спротивставува на неколкукратно поголемата армија.
-Руските окупациски сили изведуваат моќни артилериски, воздушни и ракетни напади врз Украина, низ целата територија на Украина. Удираат по критичната инфраструктура – руските окупатори разнесоа гасовод во Харков, напаѓаат цивили. Во близина на Нова Каховка, руските нелуѓе застрелаа автомобил во кој патуваше семејство, притоа убивајќи пет лица, меѓу кои две деца, тенкови на Русија пукаа врз цивилен автобус.
Диверзантска група застрела цело семејство со три деца. Родителите и едно од децата починаа, а другите две деца се во болница со тешки повреди, извести таа.