Украдени новзасадени дрвја на бул „Христијан Тодоровски – Карпош“


Изминативе денови се украдени повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел. Станува збор за садници кои се засадени во рамки на акцијата за садење над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари оваа есен во Скопје.

Како што соопштија од град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санирале штетата и посадиле нови дрвја на истата локација.

Како што велат од градскта администрација, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР.