УХМР со метео аларм за утре, се очекува силен ветер во овие делови од Македонија


Фото: Б. Грданоски

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025).

Имено, од УХМР во Фејсбук објава најавија дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).

На фотографијата која ја споделија прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен ветер.