УЕФА ја „освежи“ химната на ЛШ, навивачите незадоволни (видео)


УЕФА за новата сезона во Лигата на шампионите покрај активирањето на новиот формат во кој сите учесници ќе бидат дел од една група и ќе се по таканаречениот „швајцарски систем“, се одлучи за извесни промени и во химната на ова натпреварување.

Веќе на дел од плеј-оф натпреварите била пуштена подновената химна на елитното натпреварување, што наиде на незадоволство кај поголемиот дел од навивачите.

Химната на Лигата на шампионите има култен статус и меѓу клубовите и фудбалерите и меѓу фановите. УЕФА одлучи сега да ја поднови со забрзување на темпото и додавање ефекти, но тоа донесе многу негативни коментари на социјалните мрежи и голема дебата меѓу фановите. Стиховите испеани на три јазици остануваат исти како основа на химната, но фановите сметаат дека непотребно се менува нешто што е „свето“ во фудбалот.