Училиштето во Булачани добива нова спортска сала
Интензивно се работи на иградбата на нова училишна, спортска сала во ООУ „Наум Охридски“, во скопско Булачани.
– Направив увид во градежните работи за изградба на новата училишна сала во општинското основно училиште „Наум Охридски“ во Булачани. Она што може да се заклучи е дека градежните активности се реализираат согласно утврдениот план и динамика за изградба на училишната сала – соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.
Пое 60 години ова основно училиште добива училишна сала со што учениците добиваат поквалитетни услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.