Училиштето „Браќа Миладиновци“ од Аеродром го промовира кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник


 

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од скопската општина  Аеродром, на свој официјален профил на Фејсбук, споделило промотивни видеа поврзани со кампањата на Дејан Митески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината. Се работи за директен судир со изборните правила за институционална неутралност и забрана на политичка пропаганда во јавни установи, особено во образовни институции, пишува порталот „Рацин“.

Правниците за изборно право потсетуваат дека јавните институции и нивните службени канали не смеат да се користат за промоција на кандидати, листи или партии за време на изборен период. Во спротивно, можни се мерки од Државната изборна комисија, Државниот просветен инспекторат и надлежните инспекции, вклучително и налози за отстранување на содржината и прекршочни постапки.

По бурните реакции од јавноста видеото беше отстрането, но уште може да се најде на интернет.