Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае
Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, која ќе има и трибини, односно, наптревари во неа ќе мое да следат околу 400 гледачи.
Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, таа ќе биде градена по највисоки стандарди, ги следи стандардите на сите меѓународни спортски федерации.
Покрај тоа што учениците ќе можат да имаат квалитетни часови по физичко воспитание, клубовите од општината ќе можат да одржуваат тренинзи. Лукровски смета дека оваа сала ќе биде и алтернатива за младината, а клубовите ќе можат да постигнуваат повисоки спортски резултати.
– Во оваа повеќенаменска сала ќе може да се тренира ракомет, одбојка, кошарка и тн – рече Лукровски. Работите почнаа во јануари, а треба да завршат во мај.
И ова училиште ќе добие дополнителни седум училници, што ќе озовможи спроведување едносменска настава. Во општната и училиштето „Петар Поп Арсов“ ќе биде проширено со истата цел, најави министерката за образование Весна Јаневска, која заедно со градоначалникот и со премиерот Христијан Мицкоски денеска беа во увид на градежните работи на салата.