Ученик избоде друг ученик чистачка и во училиште во Загреб


Во средно училиште во Загреб на во населбата Волтино околу 8 часот утрово се случи сериозен напад, во кој еден ученик избоде друг ученик и чистачка. Напаѓачот е под полициски надзор, а повредените добиваат лекарска помош.

Бапаѓачот носел фантомка за време на крвавото дивеење. Станува збор за капа, или платнена маска што ја покрива целата глава и лице, а има само прорези за очите и устата, целосно прикривајќи го идентитетот на лицето што ја носи.

Полицијата го потврдува нападот, повредениот е пренесен во болница на носилка

И полицијата во Загреб официјално го потврди нападот

„Денес, 11 септември, околу 8 часот наутро, во образовна институција на улицата „Конавоска“ во Загреб се случил инцидент во кој еден ученик повредил друг ученик и вработен во институцијата со остар предмет. Ученикот кој ги предизвикал повредите е под полициски надзор. На повредените им е укажана медицинска помош, а полицијата спроведува истрага на лице место и кривична истрага за да ги утврди сите околности на инцидентот“, соопшти полицијата.

Учениците се затворени во училниците, додека трае истрагата и додека полицијата не дозволи да си одат. Во електротехниќкото училиште каде се случил инцидентот, се упати и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ. 

Министерството за наука, образование и млади соопшти дека веднаш по дознавањето за инцидентот, нивни претставници отишле во училиштето и дека се во контакт со сите служби вклучени во процесот. Во училиштето ќе биде испратен и кризен тим, велат тие.

Напаѓачот набрзо бил ставен под полициски надзор. На местото на настанот се спроведува истрага на лице место и кривична истрага за да се утврдат сите околности и мотив за овој напад.