Ученици од 23 средни училишта во Македонија ќе се зближуваат со нивните врсници од регионот, продолжува имплементацијата на Програмата за суперучилишта на RYCO

Мир, почит, пријателство и соработка се потребни за светот да оди напред. Ова се всушност вредностите на кои треба да ги учиме младите како во рамки на семејните заедници, така и во рамки на образовните установи. Идејата на RYCO е комплементарна со ова што го говорам, ги поддржува напорите за градење на генерации кои ќе сакаат да бидат обединети и со идентична цел – да го трансформираат регионот во подобро, посреќно и просперитетно место за живеење.
Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на денешната промоција на нови 23 средни училишта од Македонија кои ќе градат партнерства со други во регионот преку регионалната програма за размена на средни училишта од Западен Балкан што ја имплементира RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка.
„Честитки до вас како организација и честитки до училиштата. Вие, училишните раководства и наставниот кадар треба да бидете горди што градите генерации кои во предизвиците и разликите гледаат можности за заедништво. А тие генерации еден ден ќе бидат авангарда на промените што сите сакаме да ги видиме, да видиме обединет и просперитетен Западен Балкан, регион ослободено од предрасуди и место полно со толеранција, разбирање и слога“, рече Ивановска.
Програмата за суперучилишта на RYCO се спроведува од 2021 година и промовира интеркултрно учење, дијалог и партнерства помеѓу средношколците од регионот.
Поддржана е од Европската унија и повеќе амбасади, од Министерството за образование и наука и од Германскoто друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.
Досега преку оваа програма се воспоставени стотина партнерства помеѓу училишта.