Убиство во Скопје: Крадци убиле маж пред очите на сопругата


Синоќа околу полноќ се случило убиство при грабеж во скопско Инџиково.

Според известувањата на дел од медиумите, околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49 годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини.

Откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало и го погодило во пределот на главата, по што заминале во непознат правец.

Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А на самото место.

Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не соопштуваат повеќе детали.