Убиен водачот на ИСИС, Ирачката телевизија ќе емитува снимка


Ирачката државна телевизија денеска соопшти дека ќе емитува снимка од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Британските медиуми јавиваат дека ирачката телевизија, истовремено, цитираше и експерт за тероризам кој кажа дека ирачката разузнавачка служба помогнала во лоцирањето на ал-Багдади.

Во американската воена акција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа светските агенции.

Засега, меѓутоа, се уште нема официјална потврда на веста.

Американскиот претседаел Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша: „Нешто големо штотуку се случи“.