Убиен раперот Фулио


Раперот Фулио, чие вистинско име е Чарлс Џонс, бил застрелан и убиен вчера наутро во Тампа, Флорида, САД, потврди неговиот адвокат.

Раперот во петокот го прославувал својот 26 роденден, според објавата на Инстаграм. 

Фулио имаше речиси милион слушатели на „Спотифај“ месечно, а со музика се занимава од 2015 година.