Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија
Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија, Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција, соопштија денеска авганистански безбедносни извори.
Би Би Си објави дека Умар, кој бил шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален директорат за безбедност.
Во истата акција биле убиени и 40 цивили.
САД и Ал Каеда се уште ја немаат потврдено информацијата за убиство на Умар.