„Убав е“ – Сара Мејс со нова летна песна во диско ритам (видео)

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава. Емотивната и енергична „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам, со видеоспот снимен на плажи во Грција и во Скопје.
Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори“ со себе.