Уапсено лице за убиството во Тетово


Едно лице е уапсено а претреси се направени на неколку локации по убиството во Тетово. Од МВР велат дека извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор.

Убиството се случи во петокот околу 20 часот и 30 минути, откако 39 годишно лице беше застрелано додека со автомобилот се возело по тетовските улици.