Уапсени 21 член од балканска нарко банда во Австрија
Полицијата во Австрија уапси 21 член на нарко банда од различни балкански земји, која со продажба на дроги во Виена заработила повеќе милиони евра.Уапсените се главно од Србија, Хрватска и Црна Гора, а запленетата дрога има вредност од околу 4 милиони евра.
Според полицијата во Виена, запленети се 29 килограми кокаин, 9,5 килограми хероин, два килограми марихуана и 36,5 килограми средства за производство на дрога.
Кај уапсените е пронајдено и огнено оружје од различен вид, како и фалсификувани лични документи и 360 илјади евра.