Уапсен Словенец кој крадел во Ѓорче Петров


Илустрација

Во неделата, во 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Р.Словенија.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од КЗ на РСМ. 

Бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.