Уапсен радовишанец – предизивикал пожар на планината Плачковица, каде изгорела викендичка
Од МВР информираат дека вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој бил затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.
Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.
„По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.