Тутунари, проверете ја секоја кутија, во неа треба да има само тутун
Подготовките за откуп на тутунот во овој период вклучуваат и внимателно отстранување на сите нетутунски материјали од тутунот. Пластиката, конците и остатоците од ракавици немаат место меѓу листовите што се пакуваат за предавање.
СЕКЕ ви препорачува пред затворањето да ја проверите секоја кутија. Отстранете ги сите нетутунски материјали, вклучувајќи метал, гума, пердуви, цветови, плевел, инсекти и стакло.
Покрај чистотата, важен е и составот на кутијата. Заедно пакувајте само тутун од иста берба и од иста класа. Доколку има различни берби и квалитет, целата кутија при откупот ќе биде проценета според најниската класа во неа.
Проверете ја и влагата пред пакувањето. До 16 проценти нема одбиток. Над 16 до 20 проценти, вишокот влага се одбива од тежината. Тутун со над 20 проценти влага или тутун прскан со вода не се откупува.
Не третирајте го тутунот со хемиски препарати при пакување. По пакувањето, чувајте го во простории без мирис на горива, хемикалии или добиток.
СЕКЕ се грижи за вас и ви препорачува проверката на секоја кутија да стане задолжителен чекор во подготовката за откуп.