Турски театар со премиера на „Слугинки“ од Жан Жене


НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ од Жан Жене, во режија на Сибел Абдиу.

Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, со превод на македонски јазик.

Улогите ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет и Дин Ибрахим. Кореограф е Александра Кочовска – Начева, композитор Албин Сопа, сценограф Ујза Жури, костимограф Диелза Минци, а визуелен уметник Љуљзим Луиџи Бејта.