Тур де Франс: Вут ван Аерт покажа мастеркласа на двојното искачување на Мон Венту


Вут ван Аерт на Мон Венту

Вут ван Аерт предизвика спомени од петкратниот победник на Тур де Франс, Еди Меркс, со спектакуларна соло-победа во застрашувачката етапа со Мон Венту, кога се појавија првите удари во оклопот на бранителот на титулата, Тадеј Погачар, на второто искачување на Џинот на Прованса.

Погачар не беше во можност да одговори на доцниот напад од совозачот на Ван Аерт од „Јумбо-Висма“, Joнас Вингегард. Иако 24-годишниот Данец не беше во можност да стигне до целосна предност при долгото и брзо спуштање кон целта, впечатокот за Погачар како неранлив на најстрмните градиенти на Турот беше видлив.

Додека Погачар го бркаше Вингегард во вртоглавото спуштање до целта во Малаусен, нему му помагаа неговите најблиски ривали, Ричард Карапаз и Ригоберто Уран.

„Го следев првите 200 метри, но тоа беше премногу“, рече бранителот на титулата за изненадувачкиот потег на Вингегард. „Пукнав малку и заостанав, но потоа се обидов да го најдам своето темпо. Знаев дека не е далеку врвот и ми требаа уште неколку минути пред супер брзиот спуст. Имав среќа што ги имав Карапаз и Уран со мене и работевме навистина добро заедно“.

Но Погачар ги отфрли сугестиите дека се испаничил кога Вингегард го остави зад себе. „Кога потклекнав од Вингегард се обидов да останам смирен и да одам до врвот. Тој едноставно имаше поголема моќ. Не паничив и тоа беше добра работа. Да паничев можеби ќе распукав уште полошо“.

Горчливата вистина за неговите ривали беше дека моментално ранливиот Погачар сепак го зголеми своето целокупно водство, откако Бен О’Конор, втор во генералниот пласман на стартната линија, се лизна наназад на далечното петто место додека Уран стигна на второто место во генералниот пласман, а Вингегард се искачи на третото.

За Ван Аерт (22), победата на двојното искачување на Венту, некогаш ќе беше незамислива. „Немам зборови“, рече белгискиот национален шампион за неговата победа, постигната во стилот на Меркс и во белгиските национални бои.

„Тоа е едно од најиконичните искачувања во светскиот велосипедизам. Можеби ова е мојата најдобра победа досега. Знам дека не сум најдобриот искачувач на теренот, но го одбрав денот. Прв пат се возев на Венту кога имав десет години и тоа беше првото вистинско искачување што го направив“. (Гардијан)